Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад. На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како […]
Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ. Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува. На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата. […]
Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита. Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави. Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните […]
Вчера, заедно со екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца, бев на терен до доцните вечерни часови и лично ја следев состојбата на критичните локации. Поради обилните врнежи, беа детектирани повеќе точки кои претставуваа сериозна опасност од поплави и загрозување на имотот и безбедноста на граѓаните. Со навремена реакција и координиран ангажман, сите критични точки […]
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Белчишта, Долно Средорече, Лешани и Велмеј дека поради неработниот ден 06.01.2026 Вторник (Бадник), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 08.01.2026г. JП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Требеништа и Волино дека поради неработниот ден 07.01.2026 Среда (Божиќ), комуналниот отпад ќе се подигне во Петок на 09.01.2026г.
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Мешеишта и Климештани дека поради неработниот ден 01.01.2026 Четврток (Нова Година), комуналниот отпад ќе се подигне наредниот ден во Петок на 02.01.2026 година.
Решен проблем со фекалната канализација во с. Мешеишта. Исчистена и санирана канализацијата под мостот. Отстранета е причината за непријатната миризба во изминатите денови. Утре ќе се санира и патот на овој дел. Дупките ќе бидат времено пополнети со тампон, со цел полесно и побезбедно движење на граѓаните. Во периодот што следи ќе продолжат активности, по […]
На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти. Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација […]
Се известуваат жителите на с.Мешеишта дека на ден 16.12.2025г Вторник ќе има прекин на водоснабдувањето од 08:00ч до 12:00ч, поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок, и поправка на дефект на водоводната мрежа.
Известување до жители на с.Волино за прекин на водоснабдувањето на ден 11.12.2025г. (Четврток) ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на с.Волино дека на ден 11.12.2025г. во Четврток од 11:00ч до завршувањето на активностите, ќе има неколку часовен прекин на водоснабдувањето. Причината за прекинот е поврзување на главната водоводната цевка (од пумпна станица “Св Еразмо”) со […]
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по […]
Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд. Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми. Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат […]
