Select Page
18-ти Август 1943 година- формирањето на првата организирана воена формација, Баталјонот „Мирче Ацев“, ден кој се слави како празник на Армијата на  Македонија

18-ти Август 1943 година- формирањето на првата организирана воена формација, Баталјонот „Мирче Ацев“, ден кој се слави како празник на Армијата на Македонија

Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на  Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ. Бил формиран на Славеј Планина на 18 Август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО,, Дамјан Груев”, делови од Велешкиот НОПО ,,Димитар Влахов”, делови од Прилепскиот НОПО ,, Ѓорче Петров” и новопристигнати борци од Дебрца.

На почетокот на месец септември  1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град – Кичево. Почнувајќи со акции од  баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево-Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на12 септември влегол во првиот ослободен град -Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон.

Баталјонот бил расформиран на 11 ноември 1943 година, во селото Сливово во Општина Дебрца каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада. По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот -18-ти август е прогласен за Ден на Армијата на Македонија

Денешниот ден е и ден во кој не смееме да ги заборавиме сите оние кои загинаа и кои ги положија животите за својата татковина, Македонија.

Вечно нека се памети нивниот пример за тоа како се сака и како се брани сопствената земја.

Од  име на Градоначалникот на Општина Дебрца  и од името на граѓаните на општина Дебрца на сите припадници на Армијата им го честитаме 18-ти Август – Денот на македонската Армија.

Објавен извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Објавен извештајот за активна транспарентност на јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година.

Активната транспарентност на општина Дебрца во 2024 година изнесува 94,2 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 18-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југозападен регион Општина Дебрца од трето место се искачи на второто  со што општината континуирано ја подобрува својата активна транспарентност од 2017 година наваму, достигнувајќи ја највисоката позиција токму во 2024 година.

https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html?opstina=debrca&fbclid=IwAR0TWhTTNS_q1Tr9IUa5KI1U-xsLHV1_fHApUZXfUiXfkDNUQPDrSXTE3ys

 

И во наредниод период ќе продолжиме со активности за подобрување на транспарентност на  јавните институции под надлежност на општината и транспарентноста  на работењето на самата општина.

Остварена  работна средба со почесениот  конзул на Македонија во Перт,Австралија Г-дин Зоран Ќосески

Остварена работна средба со почесениот конзул на Македонија во Перт,Австралија Г-дин Зоран Ќосески

Денес во општина Дебрца се оствари средба на Градоначалникот Зоран Ногачески со Г- дин Зоран Ќосески,почесен конзул на Македонија во Перт,Австралија.

Г динот Ќосески на повеќе пати организира македонски бизнисмени во Австралија,преку кои се даваат донации за општината,особено за учениците од ,,ООУ Дебрца”.

Конзулот потсети и на можноста да се користат и некои мали грантови кои ги дава Австралиската влада.

Од страна на Градоначалникот е изразена благодарност за поддршката која се дава на Општина Дебрца.

 

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Со ревијален натпревар и сечење на лента пуштен во употреба новиот мултифункционален спортски полигон во село Злести

Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Нека е аирлија и со здравје да се користи,исполнет со поголем број на дечиња и секако за рекреација и на повозрасните.

 

 

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Положено цвеќе пред Спомен обележјата од Илинденското востание и НОБ во село Лактиње

Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и  претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.

 

Нека ни е честит празникот!