Select Page
Заврши  проектот уредување  на дел од централното селско подрачје во Злести

Заврши проектот уредување на дел од централното селско подрачје во Злести

Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.

На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.

Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Започна изградба  на канал за наводнување во село Злести во должина од 360 метри

Започна изградба на канал за наводнување во село Злести во должина од 360 метри

Во село Злести започна  уште еден проект-уредување на канал за наводнување, кој поминува низ урбаниот дел на селото, во должина од 360 метри.

Со зафатот Ќе се изврши бетонирање на подната плоча и ѕидовите на каналот.

Работите ги изведува градежната фирма БИС дооел Охрид.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.078.520 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година

Со реализација на проектот ќе се обезбеди поквалитетно наводнување на земјоделските култури и олеснување на работата на земјоделците.

 

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца

И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.

Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.

На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.

Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.

 

Соопштение За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца

Соопштение За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца

Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:

 

 

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на

 

Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца

  

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-131/2022 од јули/2023 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца

Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани, КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. Y07922 од септември/2022 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 1719/2022 од 15.09.2022 год.

Проектниот опфат е со површина од 15636.60 м2 или 1.56 ха.

Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели КП-1549/1 и КП-1549/2, КО Белчишта, кој е дефинира со следните Кординати:

 

1 7486467,91 4572493,46
2 7486439,46 4572442,63
3 7486500,86 4572439,24
4 7486516,65 4572469,94
5 7486531,87 4572503,64
6 7486515,68 4572518,72
7 7486499,1 4572530,17
8 7486488,99 4572538,45
9 7486483,87 4572409,76
10 7486414,02 4572398,99
11 7486376,02 4572339,04
12 7486401,97 4572378,75
13 7486412,01 4572395,9
14 7486380,32 4572344,91
15 7486377,91 4572293,01
16 7486396,5 4572325,14
17 7486404,99 4572315,49
18 7486411,81 4572311,01
19 7486422,01 4572306,92
20 7486431,59 4572324,94
21 7486457,53 4572367,37
22 7486354 4572309,02
23 7486330,49 4572276,53
24 7486322,98 4572265,86
25 7486327,26 4572238,03
26 7486332,4 4572214,5
27 7486357,63 4572258,49

 

ЈАВЕН УВИД

 

На Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, со тех. бр. 04-131/2022 од јули/2023 год., изработен од Друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ – Скопје, ќе трае 15 во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 28.06.2024 год. до 12.06.2024 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден  од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности

 

Изработил,

дипл.инж.арх. Игор Мартиноски

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                      Зоран Ногачески

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Започна реконструкцијата на спортскиот полигон во село Оровник

Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.

Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.