Select Page
Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП) Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Градежни работи
 

Држава: Република Северна Македонија

Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

Заем бр.: 9038-МК

Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007-23

 

  1. Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
  2. Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

 

  1. Поднесувањето на понудите ќе се спроведе преку процедури за интернационално конкурентско надавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е специфицирано во Упатството на Светска Банка: “Регулативи за набавка за замопримачи за ФИП” од ноември 2020 (Регулативи за набавка) и е отворен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Регулативите за набавка.
  2. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Светлана КостоскаДонески и да извршат увид во тендерската документација на адреса: с.Белчишта Општина Дебрца, во период од 08:00 до 14:00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
  3. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:

Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 719014062263013

Приходно конто: 725 939

По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил svetle87@yahoo.com целокупната документација ќе ви биде испратена по електронски пат од страна на Општината.

  1. Задоцентите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: с.Белчишта на 20.12.2023.
  2. Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 950.000 денари.
  3. Адресата на која се упатува погоре е:

Адреса: Општина Дебрца

с.Белчишта

Поштенски број: 6344, Република Северна Македонија

Предмет: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

Известување до граѓаните на село Волино

Известување до граѓаните на село Волино

Се известуваат граѓаните на село Волино дека поради изведување на градежни работи на коловозната лента (бетонирање, тампонирање и подготовка за асфалтирање ) на главната влезна улица во селото, од центарот до мостот на каналот на река Сатеска, во правец на село Требеништа, улицата целосно ќе биде затворена за сообраќај и тоа:

Среда, 15.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-07.00 часот наредниот ден;

Четврток, 16.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот ;

Петок, 17.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот .

Се молат граѓаните да го почитуваат новиот режим на сообраќај и за излез и влез во Волино да ги користат алтернативните патишта за Мешеишта, Корошишта и Мороишта, во зависност од релацијата кон која имаат намера да се движат.

Советот на општина Дебрца  ја одржа редовната 26-та седница

Советот на општина Дебрца ја одржа редовната 26-та седница

Советот на општина Дебрца денес ја одржа редовната 26-та седница.

Советот ја констатира оставката на претседателот Илчо Алексоски, кој од лични причини поднесе оставка на функцијата претседател на советот на општина Дебрца.

За нов претседател на советот со 6 гласа “за” и 5 гласа “воздржан” избран е Никола Короскоски, советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Советот на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот на општината за 2023 година, кварталниот извештај за остварувањето на Буџетот на општината за периодот од 01.01.- 30.09.2023 година, како и 12 годишни програми за 2024 година од негова надлежност.

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година  и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со низа свечености одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта

Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година.

Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот.

Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата истакна градоначалникот Ногачески.

Денешниот ден е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта,а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината”го одбележаа патрониот празник.