Sep 23, 2024
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.
Во прилог Линк од велосипедските патеки како и QR-кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).
Link – MTB Trail Slavej Planina:
Link – MTB Trail Slavej Plania Pesochani:
Link – MTB Trail Karaorman:
Link – MTB Trail Orli Vrv:
Link – MTB Trail Ilinska Planina:
Link – MTB Trail Babin Srt:
Sep 5, 2024
Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општина Дебрца.

Општината располага со уникатни живописни планински предели кои се предуслов за развој на алтернативните форми на Туризам како и развојот на Планински велоспиедизам.
Aug 23, 2024
Вчера во посетта на општина Дебрца гостин беше Г дин Пали Колефски,градоначалник на Општина Пустец (Албанија).
Во рамки на средбата е разговарано за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваме како единици на локалната самоуправа.
Притоа, се разменија позитивни искуства во остварувањето на надлежностите, во насока на подобрување на животните услови на своите граѓани.
Посебно разговаравме за можностите и досегашните искуства во искористувањето на средства од програмите за прекугранична соработка Македонија-Албанија.
Изразувајќи благодарност за посетата, Градоначалникот на општина Дебрца ја прифатив поканата за наша посета на општина Пустец и остварување на подлабока соработка на општина Дебрца и општина Пустец,рурални македонски општини од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија.
Jul 2, 2024
Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.
На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.
Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Jun 12, 2024
ИЗМЕНА Бр. 1
на ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ (ППП)
– Градежни работи за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца
Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007/2-24
Издадена на ден: 10 Јуни 2024
До сите потенцијални понудувачи и до сите фирми што го имаат преземено
тендерскиот документ
Почитувани,
Во врска со наведената набавка и согласно објавениот Повик за поднесување на понуди (ППП) за набавка на горенаведените градежни работи, како и согласно Сегмент I – Инструкции за Понудувачите (ИП)клаузулитеИП 8 ИП 22.1 и ИП 25.1, Ве информираме дека деловите од тендерската документација се изменуваат како што следува:
- Соодветнитеделови од Сегмент III – Критериуми за евалуација и квалификацијаод ППП – се менуваат и гласат:
| 3. Финансиска состојба |
| |
| 3.1 |
Финансиски средства |
(i) Понудувачот мора да демонстрира пристап или расположливост на финансиски средства како што се ликвидни средства, необременети тековни средства, кредитни линии или други финансиски средства (освен авансни плаќања од договорот) доволни за да ги исполни следните услови за паричен тек: 10.000.000,00 МКД за предметниот договор нето од другите обврски на Понудувачот. |
Мора да ги исполни условите
|
Мора да ги исполни условите
|
Нема примена
|
Нема примена
|
Образец FIN – 3.1, со прилози |
|
|
(ii) Понудувачот исто така треба да покаже, до степен задоволителен за Работодавачот, дека има доволно финансиски извори за потребните парични текови во однос на обврските од тековните и идни договори. |
Мора да ги исполни условите |
Мора да ги исполни условите |
Нема примена |
Нема примена |
|
|
|
(iii) Треба да се поднесе ревидиран биланс на состојба, или, доколку тоа не е потребно согласно законите на земјата на Понудувачот, друг финансиски извештај којшто ќе биде прифатлив за Работодавачот, кој ќе се однесува на последните 5 години (2019,2020,2021, 2022и 2023) со што ќе се прикаже моменталната финансиска стабилност на Понудувачот и неговата потенцијална долгорочна профитабилност |
Мора да ги исполни условите |
Нема примена |
Мора да ги исполни условите |
Нема примена |
|
| 3.2 |
Просечен годишен обрт на средства од градежни активности |
Минимален просечен годишен обрт на средства од градежни активности во износ од 1.500.000 ЕУР пресметан преку вкупно исплати добиени од договори кои се во тек или се завршени во последните 5 години (2019,2020,2021, 2022 и 2023). |
Мора да ги исполни условите |
Мора да ги исполни условите |
Мора да исполни 30 %, од условите |
Мора да исполни 70 % од условите |
Образец FIN – 3.2
|
| 4. Искуство |
| 4.1 (a) |
Општо градежно искуство |
Искуство со градежни договори во улога на изведувач, партнер во ЗВ, подизведувач или менаџер – изведувач за најмалку последните пет 5 години, почнувајќи од 1-Јуни2019 година (2019,2020,2021,2022 и 2023). |
Мора да ги исполни условите |
Мора да ги исполни условите |
Мора да ги исполни условите |
Нема примена |
Образец EXP – 4.1
|
| 4.2 (a) |
Специфично градежно и искуство во менаџирање на договори |
(i) Минимален број на 2 слични договори наведени подолу, кои биле успешно и значително[1] извршени во улога на главен изведувач, партнер во ЗВ[2], подизведувач или менаџер – изведувач помеѓу 1-ви Јуни 2019, 2020, 2021, 2022 и 2023 година и крајниот рок за поднесување на понудите.
(i) 2договори, секој со минимална вредност од 25.000.000,00 МКД.
Сличноста на договорите се заснова на следното:
поставување на светилки за јавно осветлување, изградба и реконструкција на јавно осветлување и/или електрични инсталации во згради, високострујни инсталации, инсталации за внатрешно осветлување, приклучоци и разводни табли |
Мора да ги исполни условите
|
Мора да ги исполни условите[3]
|
Нема примена
|
Нема примена
|
Образец EXP 4.2(a) |
|
|
|
|
|
|
| 4.2 (b) |
|
За горенаведените и сите други договори кои биле успешно и значително извршени во улога на главен изведувач, партнер во ЗВ , подизведувач или менаџер – изведувач помеѓу 1-ви Јуни 2019, 2020, 2021, 2022 и 2023 година и крајниот рок за поднесување на понудите, минимално градежно искуство во следните клучни активности кои се успешно завршени: поставување на светилки за јавно осветлување, изградба и/или реконструкција на јавно осветлувањеи/или електрични инсталации во згради, високострујни инсталации, инсталации за внатрешно осветлување, приклучоци и разводни табли |
|
|
|
|
Образец EXP 4.2(б) |
- Соодветноделот од Сегмент III – Критериуми за евалуација и квалификација – 5. Опрема од ППП, се менува и гласи:
- Опрема
Понудувачот мора да прикаже дека му се достапни на користење клучните машини наведени во табелата подолу:
| Број |
Вид на опрема и карактеристики |
Потребен минимум |
| 1. |
Корпа покретна со должина L-12 м |
2 |
| 2. |
Транспортни возила до 5 т |
1 |
| 3. |
Комбе-сервис за товар од 0,5 т за ел.материјали |
2 |
| 4. |
Теренско возило |
1 |
Понудувачот треба да обезбеди дополнителни детали за предложената опрема користејќи ги релевантните обрасци дадени во Сегмент IV.
- Соодветниот дел од ППП – Технички карактеристики, поглавје 9.1 Составни делови од техничката понуда, се менува и гласи:
Мостра од сите понудени типови ЛЕД светлински арматури. Кај мострите потребно е драјверот да биде преконфигуриран односно предспојниот уред (драјверот) да овозможува самостојно димирање, односно намалување на светлинскиот флукс.
Во фазата на евалуација на понудите, договорниот орган ќе евидентира дали понудувачот доставил мостри. Мострата од светилката, понудувачот задолжително ја доставува до крајниот рок за поднесување на понудите/ отворање на понудите и истата на неуспешните понудувачи им се враќа по завршување на постапката за доделување на договорот за јавна набавка.
Заедно со мострата, понудувачот доставува фотометриски фајлови за сите светлински арматури тип 1, тип 2 и тип 3 (пример: .ies .ldtfile) во електронска форма на CD/DVD/USB медиум.
- Соодветната клаузула од ППП – Сегмент II – Листа со податоци за понудата (ЛПП), Поднесување и отворање на понуди: ИП 22.1 се менува и гласи:
| ИП 22.1 |
Само за целите за поднесување на понуди, адресата на Работодавачот е:
Општина: Дебрца
Краен рок за понесување на понуди е:
Датум: 20.06.2024
Време: 12:00 часот
Понудувачите нема да имаат можност понудите да ги достават по електронски пат. |
- Соодветната клаузула од ППП – Сегмент II – Листа со податоци за понудата (ЛПП), D. Поднесување и отворање на понуди: ИП 25.1 се менува и гласи:
| ИП 25.1 |
Отворањето на понудите ќе биде на:
Адреса: Општина Дебрца, с.Белчишта
Број на кат/канцеларија: сала за состаноци
Општина: Дебрца
Држава: Македонија
Датум: 20.06.2024
Време: 12:00 |
Сите други услови и барања наведени во тендерската документација остануваат исти и непроменети.
Со почит,
Измена бр 1- Комисија за Евалуација
Комисија за евалуација
Jun 7, 2024
Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат.
Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки.
Дел од нив се:
- Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза,
- Реконструкција на општинската зграда во село Белчишта /реконструкција на големата сала,административните простории,надворешна фасада и др.
- Реконструкција на објект-поранешна продавница во село Ботун/ проектот е во тек
- Реконструкција на кровната конструкција на Домот во село Годивје,
- Регулирање на канал за наводнување-одводнување во село Злести
- Заградување на училишниот двор во село Ботун
- Реконструкција на спортско игралиште во село Оровник
- Уредување на просторот кај чешмата во село Оровник
- Изградба на три канализациони краци во село Мешеишта,
- Набавка на нова пумпа и реновирање на стариот резервоар за водоснабдување во село Мешеишта
- Тампонирање на пат до црква Св.Димитрија во село Издеглавје,
- Тампонирање на пат до црква Св.Никола Талалеј во село Сошани
- Тампонирање на пат до црква Св.Атанасије, село Сливово
- Осветлување на светиот крст во црква Св Спас,село Велмеј
- Поставување на јавно осветлување на патниот правец село Требеништа-село Волино.
- Санација на рефлектори на спортските полигони
Во наредниот период,по завршување на тендерските постапки ќе започнеме и со други проекти.