Select Page
Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Деновиве заврши првата фаза од реализација на годишната програма  за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.

Во Првата фаза беа опфатени селта Требеништа, Ботун и Белчишта каде што се изврши прочистување на вегетација,тампонирање и асвалтирање на три улици во наведените села

Општина Дебрца продолжува  со реализација согласно Годишната програма  каде ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози каде има потреба според проценка на стручните служби во општината

 

Спроведена  превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Спроведена превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка  Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето  се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Воедно се изврши  и дератизација на канализационите системи во општината како и јавните објекти во општината.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

Започна   реализацијата  на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Започна реализацијата на Годишната програма за изградба,реконструкција,одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2023 година

Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.

Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта,кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино,на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.

Во првата фаза се работи во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.

Одржана јавна расправа за под-проектот „Енергетска ефикасност за јавното осветлување во општина Дебрца“ и Планот за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи”

Одржана јавна расправа за под-проектот „Енергетска ефикасност за јавното осветлување во општина Дебрца“ и Планот за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи”

Во текот на вчерашниот ден во општина Дебрца се одржа јавна расправа за под-проектот „Енергетска ефикасност за јавното осветлување во општина Дебрца“ и Планот за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи”, во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот.

Општина Дебрца,врз основа на одлука на Советот на општината од Мај 2021 година аплицираше за овој подпроект во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ,” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии, со финансиска поддршка од Светска Банка.

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ

Со цел да се излезе во пресрет на барањата на земјоделците се известуваат дека рокот за поднесување на пријави на штетите на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општина Дебрца  на ден 24 Јуни 2023 година  се продолжува  до 14.07.2023 година.

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за проценка на штети

Детектирани диви депонии за инертен одпад/градежен шут  на територија на општина Дебрца, прекршителите ќе бидат задолжени да ги исчистат

Детектирани диви депонии за инертен одпад/градежен шут на територија на општина Дебрца, прекршителите ќе бидат задолжени да ги исчистат

Последниве неколку месеци сведоци сме на неконтролирано депонирање на инертен отпад/градежен шут на секаде, и на места кои во изминативе години на трошок на Општина Дебрца  по неколку пати биле чистени, со што директно се загрозува природната и животната средина.

Како детектирани места каде се одлага градежниот шут се :

-Кај мостот на патот Волино Требеништа и покрај старото корито на река Сатеска, во местноста Аџица, село Волино,

-Во непосредна близина на каптажите за вода,кај Св.Мартинија,село Требеништа,

-Под поранешното фудбалско игралиште,село Оровник ,

-Црвени Брегови,село Мешеишта

-На влезот во село Грко Поле,

-Кај фудбалското игралиштето,село Лешани,

-Кај Царо Поле,село Ново Село,

-Долж патот од Белчишта кон Сини Вирој.

Сите овие локации во изминатиот период општината ги има повеќекратно чистено.

90% од прекршителите се детектирани и на сите ќе им бидат доставени записници и задолженија во најкраток рок да ги санираат локациите или отстранат отпадот.

Во спротивно,ќе бидат поднесени пријави, за кои согласно законот се изрекуваат високи глоби.

Согласно член 54 од Законот за управување со отпад инертниот отпад се депонира на депонии за кои општината има добиено согласност од Министерството за животна средина. Бидејќи општина Дебрца нема таква депонија инертниот отпад треба се депонира кај овластени собирачи на таков отпад,за што се плаќа одреден надоместок.

Сите прекршители кои нема да постапат по задолжението на општината ќе бидат и јавно објавени.

Ги повикуваме граѓаните до општината да го пријавуваат секој ваков случај.

 

Нула толеранција за дивите депонии.