Select Page
Се интензивираат градежните работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца

Се интензивираат градежните работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца

Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.

Во оваа фаза ќе се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености и други настани.

Ќе се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,административните простории,како и фасадата од северната и западната страна и други активности.

Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.

 

Учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ во посета на опшина Дебрца

Учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ во посета на опшина Дебрца

Во текот на Вчерашниот ден градоначалникот на Општина Дебрца ги прими учесниците на шестото издание на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“,кој е во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково.

Од страна на организаторот и учесниците е информиран дека годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што учесниците и организаторите ќе ја посетат и Мала Преспа, Албанија.

Од  страна на градоначалникот е истакнато дека ние сме посебно горди што основоположникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески е родум од Црвена Вода,Дебрца и дека со одржувањето на Кампот се оддава посебен пиетет на неговото дело.

Сите ние како ученици образованието сме го започнувале со неговите дела.

Општината секоја година финансиски го поддржува Кампот,а така ќе биде и во иднина.

 


Поставено  јавно осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”

Поставено јавно осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”

Поставено е јавно осветлување во должина на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”.

 

Поставен е електричен проводник/кабел, во должина од околу 900 метри и 18 сијалични места/вандерми.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2024 година, а Црковниот одбор од село Ботун ги обезбеди столбовите/бандерите.

 

Започна тампонирањето на пристапниот пат кон црквата св.Богородица село Ново Село и пристапот до Белчшкото Блато ( Сини Вирој)

Започна тампонирањето на пристапниот пат кон црквата св.Богородица село Ново Село и пристапот до Белчшкото Блато ( Сини Вирој)

Во село Ново Село неколку денови се работи на пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.

 

Со оваа активност го подобруваме пристапот до изворите и блатото,идното заштитено подрачје.

 

Работите ги изведува фирмата БИС дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Објавен извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Објавен извештајот за активна транспарентност на јавни институции за 2024 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на  јавни институции за 2024 година.

Активната транспарентност на општина Дебрца во 2024 година изнесува 94,2 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 18-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. На ниво на Југозападен регион Општина Дебрца од трето место се искачи на второто  со што општината континуирано ја подобрува својата активна транспарентност од 2017 година наваму, достигнувајќи ја највисоката позиција токму во 2024 година.

https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html?opstina=debrca&fbclid=IwAR0TWhTTNS_q1Tr9IUa5KI1U-xsLHV1_fHApUZXfUiXfkDNUQPDrSXTE3ys

 

И во наредниод период ќе продолжиме со активности за подобрување на транспарентност на  јавните институции под надлежност на општината и транспарентноста  на работењето на самата општина.

Одржан состанок за заштита од пожари на територија на општина Дебрца

Одржан состанок за заштита од пожари на територија на општина Дебрца

Денес на иницијатива на СВР Охрид  во просториите на општина Дебрца се одржа состанок за заштита од пожари на отоврен простор, каде покрај претставници на  СВР Охрид  присуствуваа и  претставници на месните заедници во општината, членови на Штабот за заштита и спасување во општина Дебрца како и претставници на ЈП ,, Национални Шуми” подружница  ,, Галичица”.

На координативниот и советодавен состанок  беше анализиран  степенот на загрозеност на шумите на подрачјето на општина Дебрца  како и шумски предели и необработливо земјоделско земјиште од пожари како и превенција за рана детекција на пожар на отворен простор.

Од  страна на претставници на СВР Охрид  присутните беа известени  за формирање на мобилни тимови  составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор.

Воедно присутните беа известени и за забраната за движење во шуми и шумски предели без согласност издадена од   ЈП ,, Национални Шуми” подружница  ,, Галичица” да не се движат во шумите и истата треба да се почитува и подлежи на санкции.

Од страна на претставници на општина Дебрца беше истакнато дека општината ќе ја прошири и подобрува соработката со сите  надлежни институции особено во делот за заштита од пожари на отворено.

Воедно упативме апел до претставниците на месните заедници за соработка со мобилните тимови како и соработка со СВР Охрид  се со цел избегнување на пожари, како и  да ги почитуваат насоките издадени од страна на надлежните институции во Република Македонија.