May 14, 2023
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Третата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга се вози по патеките на Караорман.
Во организација на здружението за планински велосипедизам Прв до врв Скопје, во 2019 година на Караорман и Славеј Планина се одржа првата велосипедска тура, а во 2021 втората велосипедска тура се возеше од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.
Градоначалникот Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на денешната планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.
На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.
May 13, 2023
Во село Лактиње, во централниот дел на селото во тек се градежни активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување.
Во должина од 110 метри каналот ќе биде уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри ќе биде отворен и бетониран, покриен со метална решетка.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
May 12, 2023
Општина Дебрца Ве информира дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.
На состанокот ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.
Презентација ќе извршат стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.
May 3, 2023
Завршена е реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза,во која се изврши реконструкција на кровната конструкција,спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не беше поставена.
Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023.
Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари,од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР,преку Бирото за регионален развој, а 729.544 денари се учество на Општина Дебрца.
Во втората фаза,за која е поднесена апликација за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој 2023-2024 се планира целосна реконструкција на зградата, вклучително и големата повеќенаменска сала.
Во 2023 година со средства од буџетот на општината ќе се реализираат и следните активности:
-санација на кровна конструкција на Дом во село Врбјани,
-реконструкција на кровната конструкција на Дом во село Годивје,
-реконструкција на објект на месна заедница/стара училишна зграда во село Песочани,втора фаза / надворешна фасада.
Apr 20, 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за Контролна листа на ПУЖССА за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта.
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.04.2023 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.
20230420_ESMP Checklist Debrca_MK
20230420-ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ
Apr 18, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 19.04.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.
Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Дневен ред четврта форумска сесија
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески