Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
May 26, 2023
Започна замена на дел од регионалниот цевковод кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.
Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.
Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца

May 22, 2023
Во Белчишта / Белчишко Блато денес се одбележа 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.
На настанот свое обраќање имаа:
-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,
-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,
-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,
-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,
Во своето обраќање Градоначалникот Зоран Ногачески посебно го потенцира значењето на Белчишкото Блато “Сини Вирој” ,како биодиверзитет со извонредно висока природна вредност.
Белчишкото Блато во Директивата на ЕУ е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000.
Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.
Нашите заложби се да се обезбеди заштитен статус на блатото,но истовремено да се обезбеди негово одржливо користење и истото да прерасне во високо рангирана еко туристичка дестинација.
Блатото иако е во Дебрца, тоа не е само наше и им припаѓа на сите.Токму затоа потребно е сите да се ангажираме во неговата заштита, како и заштита на останатите природни вредности во регионот и државата.
Пристуните при посетата на самото блато се запознаа со неговите виситнски вредности кои ги поседува како за развој на алтернативните видови туризам, така и за научно истражувачки цели и едукативни настани за биодиверзитет.
Настанот заврши со пешачење околу блатото, заедно со ученици од ОСУ Св.Климент Охридски, од Охрид .
May 18, 2023
Во Белчишта / Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 МаЈ – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.
На настанот свое обраќање ќе имаат:
-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,
-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,
-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,
-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,
-г-дин Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,
Настанот е организиран во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,финансиран од Европската Унија, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.
Agenda mk
May 18, 2023
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта”, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за реконструкција на улица во село Волино.
Со проектот се предвидува реконструкција на улица во село Волино, на потегот од кај расадник “Розенталис” , на општински пат село Мешеишта-село Волино до мост на река Сатеска, на општински пат село Волино-село Требеништа, како и реконструкција на плоштадот во селото.
По поднесувањето на апликацијата и потребната документација ( основен проект, сообраќаен проект, проект за уличното осветлување, елаборат за експропријација, одобрение за градење и друга документација ) и спроведување на постапка за одобрување, проектот е одобрен.
Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за избор на економски оператор-изведувач на градежните работи, кој завршува на 23 Мај 2023 година.
По завршувањето на тендерската постапка и склучување на договор со најповолниот понудувач се очекува да започне имплементацијата на проектот
http://mtc.gov.mk/javniOglasi/1-15?fbclid=IwAR2KdqsAzpsIoR2v2U6AAa8jfX3gxSCkRf14masiIoZc1jt6TFHO7eJbgWc