Select Page
Активно се одвива реставрацијата на река Сатеска за пренасочување во нејзиното природно речно корито

Активно се одвива реставрацијата на река Сатеска за пренасочување во нејзиното природно речно корито

Еден од позначајните проекти кој е во тек на имплементација на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО е “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”
➡️Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
➡️Во оваа фаза се реализираат следните проектни активности:
👉враќање на меандрираното корито во граници на реката, продлабочување на коритото (вадење на наносот), чистење од отпад, чистење од дрвја и грмушки, оформување на оштетените насипи на потегот од разделната градба кај село Волино до границата помеѓу општина Дебрца и општина Струга, во должина од 3.382 м;
👉низводно од разделната градба кај село Волино- во насока на природното корито на река Сатеска, предвиден е простор за таложење на нанос, со активен волумен на таложење од 11 640 m3 , наменет за зафаќање на количините на нанос што би се транспортирале со реката Сатеска;
👉разделната градба / браната / , како армирано бетонска конструкција се задржува со 4 отвори. Во отворите се сместени ниши со челични профили во кои се поставени дрвени греди. Дрвените греди ќе бидат заменети со регулациони табласти затварачи,кои ќе бидат со автоматско отварање, затварање и регулирање на протокот;
👉изведба на стабилизациони и каскадни прагови.
💁‍♂️Проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе општина Дебрца, средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на регионалниот проект за и прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим, изведувач на работите е “Маркоски К 73 “ ДООЕЛ Струга, а според договорот работите треба да завршат до месец Март 2023 година.
За потсетување, решавањето на проблемот со река Сатеска е нотиран во 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.
Од тие причини, преземањето на конкретни активности, макар за почеток и парцијални за решавање на проблемот со река Сатеска е чекор напред во исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион.

Работна средба со преставници од ДИЖС

Работна средба со преставници од ДИЖС

Денес во кабинетот на градоначалникот Ногачески се одржа работен состанок со претставници од Државниот инспекторат за животна средина преставуван од Сретен Стојковски – директор на Државниот инспекторат за животна средина, Дарко Блинков – Раководител на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка во Државниот инспекторат за животна средина и Пејо Кировски – Виш инспектор за животна средина.

Целта беше да се разменат искуства и мислења за состојбата и идното управување на Белчишко Блато на кое му претстои скоро прогласување во заштитено подрачје во категоријата Парк на природата.
На состанокот се дискутираше за обврските на Општина Дебрца како иден управувач на Белчишко Блато, од аспект на кадровска и техничка опременост, како и инспекциски надзор на подрачјето.
Исто така се разговараше за остварување соработка со Државниот инспекторат и вклучување на Општина Дебрца во проекти за зачувување на природното наследство.

 

Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Општина Дебрца, објавува Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”.

Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, секој работен ден од 8:00 – 15:00 часот за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.

Лице за контакт:

Ангел Секулоски

E: asekuloski@gmail.com

M: +389(0)78236060

W: +389(0)46286855

Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесет километри одалеченост од градовите Охрид, Струга и Кичево. Располага со  дваесет легла , современи бањи и кујна, греење, ладење.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа беше реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Фотографии во прилог:

Предлог буџет на општина Дебрца за 2023

Предлог буџет на општина Дебрца за 2023

Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2023 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2023 година.

Општина Дебрца - Предлог Буџет за 2023 година

Општина Дебрца – Предлог Буџет за 2023 година

 

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

  • Адреса:
    с.Белчишта бб, 6344
  • Работно време:
    Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот
    (Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
  • Телефон (централа):
    +389(0)46 286 855
Завршен настан на проектот “Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”

Завршен настан на проектот “Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”

На денешниот завршен, свечен настан беа презентирани сработените активности од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ .

Проектот во изминатите три години го реализираше Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија и Министерството за локална самоуправа.

Општина Дебрца беше еден од партнерите во проектот со кој доби современ, планинарски дом со 20 легла, опрема за делување во зимски услови и сигурност на посетителите со формирањето на Планинската спасителна служба за регионот.

Градоначалникот Ногачески  во свето пригодно обраќање уште еднаш потенцира дека проектот е значаен од аспект на тоа што е во целосна корелација со визијата Дебрца да прерасне во извонредна туристичка природна дестинација, затоа што Дебрца со своето природно богатство, која е дел од светското природно наследство, со сите планински масиви кои ги поседува е природно предодредена за развој на зимскиот авантуристички туризам. Токму затоа сите реализирани активности во рамките на проектот беа во таа насока.

Кога зборуваме за развој на зимскиот авантуристичкиот туризам, треба да се има услови за развој и на безбеден туризам. Во наредниот период сите ние општините од овој регион треба да ги поддржиме сите активности на ПСС и тој Меморандум за соработка кој го потпишавме не треба да остане само на хартија, туку треба да го преточиме во практика.

👉а нас проектот покрај конкретни бенефити, индирекно придонесе и за јакнење на нашите капацитети во процесот од апликација до реализација на проектите од прекуграничната соработка.

Уште еднаш ја изразив големата благодарност до Делегацијата на ЕУ и Министерството за локална самоуправа кои ги обезбедија финансиските средства за имплементација на проектот, како и до сите партнери со кои заедно ги реализиравме проектните активности.

Преставници од Општина Дебрца присуствуваат на дводневната 9-та Конференција на засегнати страни во рамки на Дримскиот базен

Преставници од Општина Дебрца присуствуваат на дводневната 9-та Конференција на засегнати страни во рамки на Дримскиот базен

Во Тирана, преставници од Општина Дебрца присуствуваат на дводневната 9-та Конференција на засегнати страни во рамки на Дримскиот базен. Темата на оваа конференција е “Меморандум на разбирање
за управување со Проширениот прекуграничен Дримски басен.” Конференцијата ќе обезбеди платформа за:
– засегнатите страни да се информираат – и да дадат инпут – за случувањата во врска со
имплементација на Дримскиот меморандум и Дримската САПа, заедно со можностите што тие ги создадоа за
иднината, да се зајакне соработката и влијателната акција кон одржливи природни ресурси
управување.
– подигање на свеста и добивање придонес за прашања кои се важни за жителите и екосистемите во
Дримскиот басен.
Ставовите на учесниците од Дримскиот басен во однос на потребите и можностите за кооперативна и одржлива
иднината за Дримскиот басен ќе се одрази на овој настан