Select Page
Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Во изминатиот период завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца и тоа:

Во село Врбјани тампонирани се две улички, во должина од околу 120 метри.

Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.

Во село Ново Село извршено е пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.

Во село Волино тампониран е пристапен пат,

во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,со што се поврзуваат двете долномаалски улици во селото, односно патот во правец на село Ливада со патот во правец на село Мороишта.

Тампониран е патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км

Тампониран е патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,во должина од околу 550 метри.

Во село Издеглавје со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.

Тампониран е полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, КО Волино, во должина од 1,1 км.

Со овие активности се обезбедува полесен пристап до верските објекти, земјоделското земјиште и Белчишкото Блато.

Вкупната вредност на работите изнесува 3.540.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Работите ги изведе фирмата БИС дооел Охрид.

И во наредниот период ќе продолжиме со вакви активности,согласно потребите на граѓаните.

 

 

Во завршна фаза активностите на проектот ,,Патеки на откривање”

Во завршна фаза активностите на проектот ,,Патеки на откривање”

Проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а  целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија е во завршна фаза на своите активности.

Со проектот општина Дебрца доби обележани велосипедски патеки кои претставуваат вистинска адреналинска можност за љубителите на планинскиот велосипедизам.

Општината ги подобрува условите, туристичкта инфраструктура како и потенцијалите за развој на алтернативните форми на  туризам пред се Еко Tуризмот како водечка гранка за развој на општината која е исполнета со голем број историски моменти, цркви манастири, природни реткости кои мора да се посетат.

 

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница (поранешна продавница) во село Ботун.

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница (поранешна продавница) во село Ботун.

Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом во село Годивје

Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом во село Годивје

Во село Годивје завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на Селскиот дом,во површина од 360 м2.

Вкупната вредност на работите изнесуваше 751.778 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање”

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање”

Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општина Дебрца.

 

Општината располага со уникатни живописни планински предели  кои се предуслов за развој на алтернативните форми на Туризам  како и развојот на Планински велоспиедизам.

Свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца” Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година

Свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца” Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година

Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес  се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”.

Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели  училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца