Select Page
Завршена е реконструкцијата на дел од главниот водоводен крак од “Св.Еразмо”, во должина од 180 метри.

Завршена е реконструкцијата на дел од главниот водоводен крак од “Св.Еразмо”, во должина од 180 метри.

Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.

Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена  со полиетиленска HDPE цевка  ф315 PN 16 во должина од 180м  како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа  многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем  од “Св.Еразмо.”

Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.

Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на  тендерската постапка  со што ќе се имплементира проектот.

 

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.

Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.

Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Одбележан 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000 Во Белчишта / Белчишко Блато

Одбележан 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000 Во Белчишта / Белчишко Блато

Во Белчишта / Белчишко Блато денес се одбележа 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

На настанот свое обраќање имаа:

-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,

-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,

-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,

-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,

Во своето обраќање Градоначалникот Зоран Ногачески  посебно го потенцира  значењето на Белчишкото Блато “Сини Вирој” ,како биодиверзитет со извонредно висока природна вредност.

Белчишкото Блато во Директивата на ЕУ е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000.

Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.

Нашите заложби се да се обезбеди заштитен статус на блатото,но истовремено да се обезбеди негово одржливо користење и истото да прерасне во високо рангирана еко туристичка дестинација.

Блатото иако е во Дебрца, тоа не е само наше и им припаѓа на сите.Токму затоа потребно е сите да се ангажираме во неговата заштита, како и заштита на останатите природни вредности во регионот и државата.

Пристуните при посетата на самото блато се запознаа со неговите виситнски вредности кои ги поседува како за развој на алтернативните видови туризам, така и за научно истражувачки цели и едукативни настани за биодиверзитет.

Настанот заврши со пешачење околу блатото, заедно со ученици од ОСУ Св.Климент Охридски, од Охрид .

Во општина Дебрца ќе се одбележи 22 Maj-Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000

Во општина Дебрца ќе се одбележи 22 Maj-Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000

Во Белчишта / Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 МаЈ – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

 На настанот свое обраќање ќе имаат:

-г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,

-Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,

-г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,

-г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,

-г-дин Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,

 

Настанот е организиран во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,финансиран од Европската Унија,  со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање  и Делегацијата на Европската Унија.

Agenda mk

 

Одржана презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Одржана презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Денес во општина Дебрца, во присуство на претставници на општината, Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за финансии , Одборите на корисници претставниците на Градежен институт Македонија ја презентираа Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.

Во презентацијата се претставени и воедно се разговараше за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа за истите.

Физибилити студијата е изработена за потребите на подпроектот “Модернизација на јавното осветлување во населените места во општина Дебрца”, за кој општината има аплицирано за добивање на подзаем и грант од Министерството за финансии, а во рамки на средствата обезбедени со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.