Select Page
Увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта

Увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта

Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите.
Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца. ✔️
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад

Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад

Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина.
Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе се придонесе кон почиста и уредена животна средина за жителите на општината.
Општина Дебрца изразува благодарност до Министерството за животна средина за континуираната поддршка и успешната соработка.
Активности на терен за санирање на последиците од обилните врнежи

Активности на терен за санирање на последиците од обилните врнежи

Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината.
Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници.
 Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во ноќните часови работат на терен за санирање на последиците.
Сѐ што е возможно од човечки фактор, механизација и логистика е ставено во функција за заштита на населените места.
 Наша обврска е да реагираме брзо, организирано и ефикасно – и тоа го правиме.
Ги и замолувам граѓаните за разбирање и внимателност при движење низ нашата општина. Воедно, голема благодарност до сите работници кои неуморно се вложуваат во овие тешки услови
Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”.

Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.

Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа и преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на оваа машина претставува значаен чекор во подобрување на комуналната инфраструктура и ефикасното одржување на канализационата мрежа. Новата механизација ќе овозможи побрзо и поквалитетно решавање на затнувањата и редовно одржување на системите за одводнување, со што директно ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

Општина  ќе продолжи да вложува во модернизација на комуналниот сектор, со цел создавање подобри услови за живот и повисок степен на јавна услуга.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година  ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

Почитувани жители на село Мешеишта,

Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ.

Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ.

Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО 10.11.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ И ХИГИЕНА!

ДОЗВОЛЕНО Е САМО КАКО ТЕХНИЧКА ВОДА.

 

Ви благодариме на разбирањето и соработката

Општина Дебрца

Завршена есенска Дератизација на канализационите системи во општината

Завршена есенска Дератизација на канализационите системи во општината

Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.

Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти  во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.

Дератизацијата ја изврши Трули Нолен, Дооел Скопје, овластена компанија за дератизација,дезнисекција и дезинфекција  под надзор на епидемиолог од Центар за јавно здравје – Охрид.

Дератизацијата се изврши со помош на специјални хемиски средства , со цел да се спречи ширењето на заразни болести.

 

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.