Select Page
Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2021 година, број 01-2187/10, од 28.12.2020, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 работници за времетраење до 12 месеци, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура                 ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи) и Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договорот, број, од 2020 година, склучен со Јавно претпријатие за државни патишта и тоа- едно лице ракувач со механизација ( универзален ровокопач, мини ровокопач,трактор со мулчер ) и едно лице- ракувач со моторна пила ( секач на огревно дрво ).

  1. 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари по ангажирано лице, дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување  Охрид, односно до 05.01.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

 

П Р И Ј А В А

За Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца

Оглас

За Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца

Успешно реализирана хуманитарна акција во Општина Дебрца

Ако бев славеј – вели римскиот филозоф Епиктет (I. в) – ќе го правев тоа што го прави славејот; ако бев лебед, ќе го правев она што го прави лебедот; но јас сум разумно создание и ми приличи да Го прославувам Бога“.
А на Бога најугодна прослава му е преку нашите добри дела, подадената рака на ближниот, милостина кон секое човечко битие кои има за тоа потреба.
Сакам да се заблагодарам од срце на сите што денес учествуваа и придонесоа за новогодишната хуманитарна акција.
Благодарам на Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, преседателот на совет Петре Голабоски, на колегите советници, директорот на ЈК Дебрца Игор Крцоски кои што дадоа свој продонес. Но и сите останати жители на нашата општина кои што од срце учествуваа на оваа благородна акција! Продолжуваме со вакви активности и во новата година!
На крај од мое име од срце ви посакувам среќна, здрава, бериќетна и благословена да биде новата 2021 година!
Прпдолжуваме со вакво темпо и во новата година
Бог да биде со сите нас!
Со почит
М-р Катерина Пискулоска- член на советот на општина Дебрца

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2021 година

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2021 година

На денешната седница Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината за 2021 година и Буџетот на општината за 2021 година

Во Годишните програми и Буџетот во целост се земени во предвид предлозите на граѓаните, месните заедници, бизнис заедницата и невладините организации, кои беа дадени во транспарентната постапка за нивно изготвување и донесување.

Буџетот за наредната година е проектиран на 121.000.000 денари , кои се очекува да се остварат од сопствените приходи, приходите од ДДВ-то, наменските и блок дотациите од централната власт и приходи од европските проекти.

Во делот на расходите акцентот го ставаме на реализацијата на капиталните проекти, социјалните програми, унапредување на комуналните услуги и целосно кратење на непродуктивните трошења.

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Католички Божиќ

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Католички Божиќ

Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Грегоријанскиот календар,

Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди !

Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Иницијатива за Новогодишна хуманитарна акција

Почитувани  градоначалник, советници, општинска, администрација, вработени во општина Дебарца, и ЈКП Дебрца,  жители на општината и секој добронамерен поединец или фирма.

На ден 28.12.2020 година (понеделник)  во просториите  на зградата на општина Дебрца, село Белчишта, се организира  хуманитарна акција за дарување на храна,  средства за хигиена, облека за нашите сожители  кои што не се во можност тоа да си го дозволат.

Ве замолувам  сите кои ќе дарувате сето тоа да е уредно спаковано. Храната да не е брзо расиплива, а облеката да е чиста, неоштетена,употреблива.

Исто така апелирам  да се запазат мерките за заштита од  пандемијата на covid вирусот.

Да споделиме радост.

Да направиме некој среќен .

Помагајте им на луѓето и тогаш кога знаете дека неможат да ви возвратат. По тоа ќе Ве препознаат дека сте човечни,сочуствителни,милостиви.

Среќна, бериќетна, и благословена  да ни биде 2021 година.

Со почит 

М-р Катерина Пискулоска,

член на совет при општина Дебрца

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“  во финалната фаза на имплементација

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ во финалната фаза на имплементација

Назив на проект: Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP

Партнери во проектот: Општина Дебрца, Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Проектот е кофинансиран од Европска Унија и Националните фондиви на земјите кои учествуваат во програмата Interreg IPA CBC Programme “Greece – Republic of North Macedonia 2014- 2020”

Со гордост изјавуваме дека проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Во овој контекст, проектот објавува дека Општината Дебрца е во финална фаза на реконструкција на изложбен центар за презентирање на локалната флора околу Белчишкото Блато (слика 1), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област – ЈАСЕН имплементираше систем за рана детекција на пожар со цел рана превенција на пожари и заштита на биодиверзитетот (слика 2), додека пак експертите од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг – ХАНС ЕМ, собраа повеќе од 114 растителни видови и ги подготвија за понатамошна пропагација (слика 3). Сите овие активности се дел од развивањето на мерки за конзервација и конзервациски инфраструктури со цел заштита на биодиверзитетот во меѓу-граничната област.