Mar 13, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.
Прилог: Дневен ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Mar 11, 2023
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 18-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 18–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.03.2023 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2022 година
- Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврски и каса за 2022 година
- Предлог – Одлука за отпочнување постапка за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Дебрца од сите ризици и опасности
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населнието од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2023 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Mar 1, 2023
Денес во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца.
На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца .
На оваа и следните три форумски сесии граѓаните непосредно ќе утврдат проектни идеи/концепти од кои ќе се дефинираат и конкретни предлог проекти,кои ќе се финансираат во рамките на одобрениот грант од 40.000 УСД.
Значајно е и тоа што со вчерашното дополнување на Статутот на општината од страна на советот на општината Форумите во заедницата се внесени во Статутот, како битна алатка за непосредно учество на граѓаните во креирањето и носењето на локалните одлуки.
Feb 27, 2023
Ги подобруваме капацитетите на Јавното комунално претпријатие за поефикасно вршење на комуналните услуги. По поднесена апликација од општината преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година обезбедени се вкупно 323 канти за собирање на комунален отпад,со. запремнина од 240 литри. Кантите ќе бидат отстапени на трајно користење на јавното претпријатие,кое ќе ги користи за подобра покриеност на населените места со потребните садови за комунален отпад. И во наредниот период општината ќе продолжи со вакви активности,со цел подобрени комунални услуги за граѓаните.
Feb 24, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, почнува со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда) со почеток од 10:00 часот, во Школото на ОУ,,Дебрца” село Белчишта.
На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумски процес во заедницата и подобрување на животот во Општината.
Прилог: Дневен ред
Прилог: Покана
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Feb 22, 2023
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 17-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 17-та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 28.02.2023 година (вторник)
, со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записник од 16-та седница на Советот на општина Дебрца
Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година
Предлог – Статутарна одлука за дополнување на Статутот на општина Дебрца
Предлог – Правилник за организирање и одржување на форумите на заедницата во општина Дебрца
Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2022 година
Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2022/2023 година
Предлог – Мислење по програмата за дводневна научна ескурзија – VI одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2022/2023 година
Предлог – Мислење по порграмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2022/2023 година
Предлог – Мислење по порграмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2022/2023 година
Предлог – Мислење по програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2022/2023 година
Предлог – Годишна програма за дополнување на Годишната програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2023 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски