Select Page
Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Дебрца  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото во прилог и информирајте повеќе од летокот објавен на следниот линк.

 

Се одржа состанок за ажурирање/ре-формирање на билатералното тело за управување од регионот на Охридското Езеро- УНЕСКО помеѓу Македонија и Албанија.

Се одржа состанок за ажурирање/ре-формирање на билатералното тело за управување од регионот на Охридското Езеро- УНЕСКО помеѓу Македонија и Албанија.

Вчера, во Тушемиште, Поградец, Република Албанија градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески присуствуваше на билатералниот состанок за ажурирање/ре-формирање на билатералното тело за управување од регионот на Охридското Езеро- УНЕСКО Светско Наследство помеѓу Македонија и Албанија.
На состанокот присуствуваа министрите за култура и животна средина од двете земји, градоначалниците на четирите општини ( Охрид, Струга, Дебрца и Поградец ) и експерти кои директно работат во процесот на заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион-УНЕСКО Светско Наследство.
Главната работа која произлезе од состанокот е договор од двете страни да се формализира членството на Заедничкиот комитет за управување со Охридскиот регион-УНЕСКО Светско Наследство на министерско, односно на градоначалничко ниво, со што се исполнуваат обрските од последната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Фужу, Кина, јули 2021).
Велигденска честитка на градоначалникот Ногачески

Велигденска честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани граѓани, православни христијани,

Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.

Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.

Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства.

Христос Воскресе !

Закажана 7-та седница при Советот на општина Дебрца

Закажана 7-та седница при Советот на општина Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 7-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 7та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  29.04.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                   

 Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 6-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот и утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Охрид
  3. Прелог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Охрид
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
  5. Предлог – Решение за именување командант, началник, помошници на началникот и помошен персонал на штабот за заштита и спасување на општина Дебрца
  6. Предлог – Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со класа на намена Б5.1 – Хотелски Комплекс на дел од КП 898/1, дел од КП 840 и дел од КП 1188/4, КО Оровник, Општина Дебрца
  7. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2022 година
  8. Предлог – Решение за именување член во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка
  9. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на неманата на бесправно изграден објект со намената на земјиштето
  10. Барање за изготвување вешт наод

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Илчо Алексоски

Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.

На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.

Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.

Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”

Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.

Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.

• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ

Во прилог целосната агенда на настанот: