Select Page
Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

Република Северна Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

MSIP-SH-MUN-DEB-01-19

1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

Република Северна Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Подобрување на општинските услуги преку набавка на нова IT опрема

2. Општина Дебрца ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на добра – IT опрема да ги достават своите запечатени понуди.

3. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

4. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

Општина Дебрца
Адреса: с. Белчишта бб, 6344
До: Ангел Секулоски
e-mail: asekuloski@gmail.com
Тел: +38946286855; +38978236060

5. Заинтересираните Понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на горенаведената адреса.

6. Понудите мора да се достават на горенаведената адреса до 12:00, пладне на 10/09/2019. Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.

Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари во рамки на МСИП

Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари во рамки на МСИП

Денес во Министерството за финансии градоначалникот Ногачески свечено го потпиша договорот за грант во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари. Средствата се наменети за набавка на нова ИТ опрема, со која ќе се подобри работата и услугите кои ги дава општина Дебрца. Исто така со овој грант се набавуваат преносни компјутер за членовите на Советот на општината, со што значително ќе се намалат трошоците за печатење и достава на материјалите за седниците на советот.

Промовиран проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”

Промовиран проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”

Денес градоначалникот Зоран Ногачески заедно со Шефот на Делегацијата на Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар,  амбасадорката на Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ), Нарине Сахакјан и Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваа на промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”,  финансиран од ЕУ, а имплементиран од  УНДП.

За реализација на Проектот вреден 773 илјади евра  задолжена беше фирмата „ГИМ“ од Скопје.

Во својата изјава градоначалникот Ногачески истакна задоволство што  браната на Слатинското Езеро е една од петте брани што се санираат во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите  и дека со санацијата постигнат е значаен чекор во напорите за враќање на Слатинското Езеро на хидрографската карта, но и дека искрено се надева дека со помош на државата и нашите европски партнери ќе се дообезбедат средства за чистење на дното на езерото и дека набргу истото ќе го видиме во неговата природна убавина и исполнето со живот.

За општина Дебрца Слатинското Езеро е значаен воден ресурс , за кој општина Дебрца има развојни планови истото да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација. Општината спроведува почетни активности за урбанистички развој на локалитетот, со вметнување туристички  содржини, што би биле интересни за потенцијалните посетители, од туристи до риболовци. На тој план,  набргу започнуваме и со конкретни активности, односно со средства обезбедени од Швајцарската Агенција за  развој и соработка  и Министерството за локална самоуправа, преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се имплементира проектот “Подобрување на туристичката понуда преку изградба на пешачки патеки и уредување на атрактивни места кои водат до природни локалитети,” во случајов Слатинското Езеро. – изјави градоначалникот Ногачески.

 

Општина Дебрца обезбеди нова механизација во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка

Општина Дебрца обезбеди нова механизација во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка

Денес во продажниот салон на “Синпекс”, во Битола градоначалникот Ногачески. присуствуваше на свечениот настан, чинот на потпишувањето на договорот со кој на општина Дебрца и се отстапува на трајно користење универзален ровокопач, со придружна опрема ( хидрауличен чекан и даска за снег ) марка Hidromec.

Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ). На настанот свое обраќање имаа Д-р. Драган Тевдовски, Министер за финансии и Никола Бертолини, раководител во Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. Согласно Проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за подигнување на квалитетот на општинските услуги. Општина Дебрца во изминатава година и пол имплементира неколку проекти со средства на ЕУ, со кои се подобрија условите во руралната инфраструктура или во испораката на општинските услуги. И во наредниот период продолжуваме со реализација на неколку проекти, за кои средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ, за што во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегација на ЕУ. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески по потпишувањето на договорите.

Општина Дебрца доби два грантови во рамките на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”

Општина Дебрца доби два грантови во рамките на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”

Денес градоначалникот Зоран Ногачески  присуствуваше на презентацијата за проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка ( СДЦ ).
Во рамките на проектот има грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти, за кои општините аплицираа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Општина Дебрца аплицираше и доби средства во двете грантови шеми.
Во грантовата шема за инвестициски проекти аплициравме со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHF ќе внесеме нови туристички содржини на Слатинско Езеро ( со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема), а новата патека ќе се постави на Андроид ГИС апликацијата SW Macedonia attractions.
Следна задача ќе ни биде да ги анимираме сите чинители, а особено АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со овој воден ресурс, по завршената санација на браната да се изврши чистење на езерото од вегетацијата и да се врати неговата природна убавина.
Во грантовата шема за иновативни проекти аплициравме со проектот: “Визуелизација на туристички атракции во Југозападниот плански регион” и со одобрените средства ќе се набави инфо киоск, кој ќе се постави на инфо точка ( info touch panels ), пред општинсклата зграда, во село Белчишта, со текстови и фотографии на туристички атракции во општина Дебрца, со превод на содржините на англиски јазик, софтверско решение за презентација на туроистичките атракции, односно ќе се обезбеди достапност до информации преку инфо точките за граѓаните и туристите. За овој проект се обезбедени 38.980 CHF за 4 општини ( Дебрца, Дебар, Вевчани и Македонски Брод ).

Со гранд од УНДП, општина Дебрца набави нови канти за отпад

Со гранд од УНДП, општина Дебрца набави нови канти за отпад

Во рамките на Проектот ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, а врз основа на предложен приоритетен проект од општината денес го добивме грантот од 350 канти за собирање на отпад, од по 360 литри.
Вредноста на грантот изнесува 26.000 евра и покрај набавката на канти се изработуваат и два стратешки документи, Интегриран план за развој на општината и Локален еколошки акционен план / ЛЕАП.
Кантите нема да ги продаваме, практика која со донираните канти ја применуваше претходната локална власт.
Истите врз основа на утврден план од Јавното претпријатие ќе бидат поставени на јавни површини ( плоштадите, училиштата, јавни објекти, спортски игралишта, верски објекти ) во сите села во општината.
Посебно акцентот ќе биде ставен на селата од Горна Дебрца, каде Јавното претпријатие ќе започне со организирано собирање на комуналниот отпад.