Select Page
Општина Дебрца продолжува да инвестира во образованието

Општина Дебрца продолжува да инвестира во образованието

Заврши уште една учебна година во основното образование.
Накратко, сумираме што имплементиравме како локална самоуправа за нашите ученици:
-за првпат воведовме ужинка за сите ученици, за што од буџетот издвоивме околу 1.300.000 денари,
-со поддршка на фондацијата “ Капинков ” обезбедивме училишен прибор за првачињата,
-обезбедивме превоз за еднодневните ученички екскурзии и за други наставни активности,
-обезбедивме надгледни средства за училиштето, вредност 100.000 денари,
-обезбедивме финансиска поддршка за талентираните ученици за учество на регионални и државни натпревари,
-за првпат доделивме парични награди за Првенец и ученици на генерацијата, вредност 30.000 денари,
-градоначалникот на општината беше генерален покровител на Училишниот атлетски крос,
-финансиски го помогнавме оддржувањето на отворените фудбалски школи,
-го плативме осигурувањето за сите ученици,
-обезбедивме средношколски и студентски стипендии.
И додека учениците се на заслужениот летен распуст ќе работиме на подобрување на условите во основното образование:
-инсталирање на централно греење во основните училишта во село Мешеишта и село Требеништа,
-замена на котелот за греење во училиштето во село Лешани.
Ученици, среќен распуст, се гледаме во Септември.

Градоначалникот Ногачески додели плакета и парична награда за првенецот на генерација 2015/2019 од ОУ “Дебрца”

Градоначалникот Ногачески додели плакета и парична награда за првенецот на генерација 2015/2019 од ОУ “Дебрца”

Денес во Подрачното училиште во село Мешеишта градоначалникот Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Филип Вичороски, градоначалникот Ногачески, во име на општина Дебрца, свечено му додели плакета за ученик на генерација 2015-2019 во ОУ “Дебрца” – Белчишта.

На ученикот на генерација општината му доделува и парична награда, од 15.000 денари.
На сите полуматуранти уште еднаш им го честитам завршувањето на основното образование и им посакувам многу успех во понатамошното образование. – рече градоначалникот Ногачески по доделувањето.

 

 

УАК “Дебрца 2019” : Доделени наградите на најдобрите

УАК “Дебрца 2019” : Доделени наградите на најдобрите

Денес учениците од ОУ „Дебрца“ го одржаа традиционалниот атлетски крос.

Терминот за одржување е за патрониот празник на училиштето, 11-ти ноември, но поради временските услови беше преместен за овој период.

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Учествуваа ученици од второ до деветто одделение, во машка и женска конкуренција, а трчаа на 300 и 1.800 метри. На трката од 1.800 метри поддршка даде и ја истрча и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Настанот беше организиран од училиштето, под покровителство на градоначалникот на општина Дебрца, од каде и ги обезбедија наградите, велосипеди за првопласираните и спортска опрема и тренерки за второ и трето место.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Денес прекрасно изгледаше плоштадот во село Белчишта, каде што во предвечерието на празникот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј се одржа традиционалниот училишен атлетски крос “Дебрца 2019”, на кој општина Дебрца и јас бевме покровители.
Глетката беше несекојдневно убава , а сите бевме лични затоа што атлетиката е кралицата на спортовите и се надевам еден ден и од одовде ќе се роди некој европски, светски, олимписки атлетски шампион.
Денес некои беа најдобри и добија заслужени награди, ама денес победивме сите, денес победи младоста и иднината на Дебрца.
И тука не застануваме. Продолжуваме и на претстојната манифестација “Охрид трчат” Дебрца ќе трчат во тимот на и за лицата со ретки болести.
И секогаш спортувајте. Спортот е здравје.- изјави градоначалникот Зоран Ногачески по доделување на наградите за најдобрите.>

Наградени ученици:

Од трето до петто одделение
Машки:
1. Андреј Ристовски
2. Бојан Тупанчески
3. Климент Митрески и Андреј Наумоски

Женски:
1. Јована Тодороска
2. Ангела Карадак
3. Анабела Нелоска

Од седмо до деветто одделение

Машки:
1. Ненад Левески
2. Кристијан Трајаноски
3. Димитар Митрески

Женски:
1. Надица Секулоска
2. Тамара Трајческа
3. Мартина Чолеска

Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за основното училиште “Дебрца”

Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за основното училиште “Дебрца”

Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште, и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки.
Денес заокруживме уште еден проект и обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште ( микроскопски препарати по анатомија, ботаника, зоологија, галванометар, магнетни игли, тродимензионален демонстратор на магнетни сили, епрувети, тегови,пипети, бирета, инки, шпиртна ламба, релјефни карти, основен сет за магнетизам, за електроника, за механика, за математика и друго ).
Вредноста на набавката изнесува 100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.

Исплатени првите рати од ученичките и студенските стипендии во рамки на Општина Дебрца

Исплатени првите рати од ученичките и студенските стипендии во рамки на Општина Дебрца

Вчера во рамките на програмата за развој на образованието во општина Дебрца за 2019 година, исплатени се првите рати на учениците и студентите кои ги исполнаа критериумите за доделување на стипендии.

Вчера на 15-те ученици , корисници на ученичка стипендија им исплативме по 7.500 денари , а на 5-те корисници на студентска стипендија по 12.500 денари, за пет месеци, или вкупно од Буџетот на општината за овие намени се исплатени 175.000 денари.
Наместо за непродуктивни трошења, парите ги враќаме кај учениците, студентите, граѓаните.- изјави градоначалникот Ногачески.

Видео:Општина Дебрца воведе бесплатна ужинка за секој ученик

Видео:Општина Дебрца воведе бесплатна ужинка за секој ученик

Нашите заложби се да обезбедиме квалитетно образование за сите ученици во нашата општина. За таа цел, ја подобруваме образовната инфраструктура и применуваме повеќе мерки за мотиварање на учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовниот процес. Од вчера, 01 Октомври воведовме ужинка за секој ученик во основното училиште. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година. Средствата за ужинката, во износ од 1.200.000 денари се обезбедени во буџетот на општина Дебрца. Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците. Продолжуваме и со другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училиштните спортови – изјави градоначалникот на општината Зоран Ногачески