Градоначалникот Ногачески одржа јавна презентација на предлог програмите и буџетот за 2021 година
https://www.facebook.com/nogaceskizoran/videos/197857208622600/
Општина Дебрца достави предлог проекти до Центарот на Југозападниот плански регион за 2021 година
Општина Дебрца ги достави предлог проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. Во повикот 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за енергетска ефикасност на Задружниот дом во село Требеништа, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
„Со завршувaње на втората фаза на објектот ќе е ставен во функција според намената која ја дефиниравме. Долниот спрат би се користел како деловен простор и дел за потребите на Месната заедница од село Требеништа. Горниот дел она што го најавивме и ни беше почетна идеа, отворање на Археолошки изложбен центар Требеништа во кој ќе бидат изложени сите артефакти и археолошки вредности кои се најдени во позната Требенишка Некропола и од цела територија на Дебрца“.
Градоначалникот Ногачески вели, како општина имаат и други проекти, но од одобрените средства во
висина од 41 миолини денари од буџетот на државата за Југозападниот плански регион мора да се избалансираат и поделат средствата за проекти за сите 9 општини. Проектите повторно треба да се разгледаат на форуми каде што ќе учествуваат бизнис секторот и невладините организации, вели Ногачески.
„Потоа како конечен предлог треба да дојдат пред Советот на Југозападниот плански регион на кој ќе треба да се усвојат до 15 декември и Центарот за Југозападен плански регион за сите наши пот проекти треба да аплицира до Бирото за регионален рамномерен развој. Ќе одлучува и Националната Комисија на Рамномерниот регионален развој. Се надеваме дека проектите ќе поминат и од на пролет ќе продолжиме како општина Дебрца со втората фаза за реконструкција на ЗД Требеништа“.
Врачени првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи преку проектот (МСИП)
Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за: Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини.
Решенијата ги примија Градоначалникот на Општина Дебарца, г-дин Зоран Ногачески и Директорката на ОУ Дебарца с. Белчишта, г-ѓa Билјана Славевска.
Проекти за поврзување на локални патишта
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебрца аплицираше со три проекти. Тука можете да ги изнесете вашите сугестии, забелешки и поплаки.
ПРОЕКТ 1
Основен проект за изградба на локален пат од с. Злести до с. Белчишта (делница 1 и 2) во општина Дебрца
Забелешки за проектот

ПРОЕКТ 2
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛИНИСКИ ОБЈЕКТИ – УЛИЦА ВО С. ВОЛИНО, ОПШТИНА ДЕБРЦА
Забелешки за проектот

Успешно реализирана јавната расправа за “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ”
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебрца аплицираше со проект за надградба на локален пат од н.м. Злести до н.м. Белчишта (Секција 1 и 2), Општина Дебрца.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” беѓе ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Дебрца (https://arhiva.debrca.gov.mk/) на 24 Септември 2020.
Сите заинтересирани странки имаа можност своите коментари да ги достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Градоначалникот Ногачески упати благодарност до сите присутни на состанокот, особено честитка за одличната организација до Министерството за транспорт и со поддршка од Светска Банка.



