Select Page
Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.

И не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.

Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции и други активности на кои сме обврзани и со националното законодавство и со меѓународните договори ).

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.

Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.

Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2025

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2025

Почитувани граѓани,

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2025 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (25/11/2024, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде  поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2025 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

 

Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Изложбен центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој  Наскоро……….

Изложбен центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој Наскоро……….

Општина Дебрца и  Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта .

Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија на Дебрца, како локалната заедница живееле  работеле и ги користеле поволностите  на  самото блато.

Повеќе  детали Наскоро!!!!!!