Select Page
EU IPA CBC MK-AL:Започна со градба новиот планинарски дом во с.Брежани

EU IPA CBC MK-AL:Започна со градба новиот планинарски дом во с.Брежани

Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом.
Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани околу 85.000 евра.
Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина и особено селото Брежани, кое се наоѓа помеѓу Илинска Планина и Мазатар се природно предодредени за развој на зимскиот и планинскиот туризам.
Проектот е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација
Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Дебрца аплицираше со проект за Реконструкција на локален пат  с.Злести до с.Белчишта, Oпштина Дебрца и тоа Делница 1 KM 0+000 до KM 0+720.12 и Делница 2 KM 0+000 DO KM 1+401.22. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Дебрца пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Дебрца ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот

Образец за-поплаки за целиот период на спроведување на проектот

Образец за-поплаки за целиот период на спроведување на проектот

Механизам за жалби и поплаки

Механизам за жалби и поплаки

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Покана за обука за локални водичи, во рамките на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – Conse-pp“

Invitation

 

We are delighted to invite you to participate in a training seminar on the Biological Diversity in the Municipality of Debrca and the Belcisko Wetland, that will be held on June 18, 2021.

 

The Municipality of Debrca organizes training for local guides, in the framework of the project “Improving the conservation of the priority plants in the cross-border area – Conse-pp”, with the aim of increasing the awareness and the knowledge on the biodiversity within the Belcisko Wetland. The project is funded under the Interreg IPA-Cross Border Programme Greece-Republic of North Macedonia 2014-2020.

 

 

 

Training Seminar Details:

Learning objective: Biodiversity

Registration deadline: 15June 2021

Training date: 18-20.6.2021

Training time: 11:00 am – 14:00 pm

Place: Municipality of Debrca

 

For registration to the training seminar please fill in the registration form here

 

For more information, please contact:

 

Angel Sekuloski,

asekuloski@gmail.com

 

Ivana Janeska Stamenkovska, ivanajaneska@yahoo.com

Покана

Со задоволство ве покануваме да учествувате на обука за биолошката разновидност во Општина Дебрца и Белчишко Блато, која ќе се одржи на 18 јуни 2021 година.

 

Општина Дебрца организира обука за локални водичи, во рамките на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – Conse-pp“, со цел зголемување на свесноста и знаењето за биодиверзитетот во рамките на Белчишко Блато. Проектот е финансиран од програмата за меѓугранична соработка, Interreg IPA-Cross Border Programme Greece-Republic of North Macedonia 2014-2020.

 

Детали за обуката

Цел на обуката: Биодиверзитет

Краен рок за пријавување: 15.6.2021

Дата на обуката: 18-20.6.2021

Време на обуката: 11.00-14.00 часот

Место: Општина Дебрца

 

Со цел да се регистрирате за обуката, Ве молиме да го пополните следниот формулар.

 

За повеќе информации, Ве молиме да не контактирате:

Ангел Секулоски,

asekuloski@gmail.com

Ивана Јанеска Стаменковска, ivanajaneska@yahoo.com

Совет на општина Дебрца, 47-ма седница, донесени одлуки

Совет на општина Дебрца, 47-ма седница, донесени одлуки

Советот на општина Дебрца денес ја одржа 47-ма редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

  • На оваа седница Советот ги усвои Извештаите за работа на Центарот на Југозападниот плански регион во 2020 година. Во текот на 2020 година преку Центарот на Југозападниот плански регион во општина Дебрца беа имплементирани следните проекти:  Реконструкција на патен правец за село Арбиново, доизградба на патен правец село Волино/општина Дебрца-село Мороишта/општина Струга и реконструкција на Дом на култура село Требеништа/прва фаза.
  • Советот донесе одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Дебрца за 2021 година, со која во делот на основното образование се предвидени дополнителни 926.000 денари, обезбедени од донација преку Еразмус програмата.
  • Советот ја усвои Годишната програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2021 година, со која се планираат конкретните мерки и активности за заштита од заразни болести.
  • Советот го усвои Анексот на Годишната програма за работа на ООУ Дебрца во учебната 2020/2021 година, со кој работењето на основното училиште се прилагодува кон новонастанатите услови предизвикани од ковид 19 кризата.
  • Советот ги усвои одлуките за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност Дебрца за периодот 01.10.2020-31.12.2020, завршната сметка за 2020 година, како и на годишните извештаи за спроведување на утврдените тарифи за водоснабдување и одведување на отпадни води.
  • Советот ги усвои измените на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети на овошните насади од доцните пролетни мразеви, во наредниот период комисијата ќе објави повик за пријавување на штетите.
  • Советот донесе одлука за за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. 

 

Локалитетот Белчишко блато “Сини Вирој” доби нова екотуристичка инфраструктура

Локалитетот Белчишко блато “Сини Вирој” доби нова екотуристичка инфраструктура

На локалитетот Белчишко блатот и неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци.

Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.

Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. – информира Ѓоко Зороски од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид.

Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.

 

Се изврши пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта

Се изврши пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта

Во изминатиот период за првпат по долгогодишен одложување, со механизацијата на Општина Дебрца и ЈКП извршивме пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта до вливот во Матицата на Белчишкото Блато.

Денес финиширавме со чистење на речното корито во центарот на селото.

Општина Дебрца и натаму останува посветена во реализација на зацртаните програми.

Image may contain: tree, plant, sky, outdoor, nature and water

Image may contain: mountain, sky, tree, outdoor and nature