Select Page
Одржана четврта  работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Одржана четврта работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Денес во просториите на ОOУ ,, Дебрца” село Белчишта се одржа четврта форумска сесија од проектот,, Зајакнување на општинските совети” фаза 2

На сесијата се презентираа предлог проектите  од  страна на работните групи на форумот и тоа:

  1. Изградба на детско игралиште во село Требеништа.
  2. Поставување на топловоден систем за греење и изградба на пристапни рампи до објектот на ООУ ,, Дебрца “ село Оровник.
  3. Реконструкција на кровот на објектот ОOУ ,,Дебрца” село Белчишта.

На сесијата се пристапи кон бодување на предложените проекти од страна на учесниците при што како приоритетен проект беше избран предлог проектот:

  1. Изградба на детско игралиште во село Требеништа.

Во периодот кој следи Општина Дебрца во соработка со донаторот ќе ги превземе сите мерки и активности со цел реализација на избраниот приоритетен проект.

 

 

Покана за четврта форумска сесија од проектот  ” Зајакнување на општинските совети“

Покана за четврта форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира  Проектни форуми во заедницата.

Ви благодариме за присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.

Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 19.04.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.

Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.

Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.

Дневен ред четврта форумска сесија

                     Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани граѓани, православни христијани,

Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.

Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.

Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје и хармонија во Вашите семејства.

Христос Воскресе !

Потпишан меморандум за соработка во заштитата на културното наследство со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид

Денес со директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид,Катерина Велкоска се потпиша меморандум за соработка во заштитата на културното наследство.

Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот ” Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање” ,како и реализација и на други проекти од  областа на заштитата на културното наследство.

 

 

 

Одржана трета работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Одржана трета работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Денес во просториите на ,,ОУ Дебрца” село Белчишта се одржа третата работилница од форумските сесии од проектот,, Зајакнување на општинските совети”На сесијата се презентираа предлог проектите  од  страна на работните групи на форумот како и преставници на одделението за урбанизам ги образложија предлог проектите.

Во четврата фаза преминуваат три предлог проекти :

  1. Енергетска ефикасност во централно училиште ОУ Дебрца село Белчишта (реконструкција на кров)
  2. Изградба на детско игралиште во село Требеништа со хотикултурно уредување
  3. Поставување на систем за греење  во објектот  во основно училиште во село Оровник  и пристапна патека за лица со посебни потреби.

На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кои проекти ќе бидат финансирани од вкупниот проектен фонд на УНДП Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.