Select Page
Изградба на седум фекални секундарни краци, во должина од 590 метри во село Мешеишта

Изградба на седум фекални секундарни краци, во должина од 590 метри во село Мешеишта

Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.

Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти.

Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Работите ги изведува фирмата Маркоски К73 дооел Струга.

 

Активности на ЈКП ,,Дебрца”

Активности на ЈКП ,,Дебрца”

  • Извршена санација на дефектот кај водната пумпна станица во Требеништа
  • Извршена санација на дефектот на водоводната мрежа во Ново Село
  • Санирање на дефектот на водоводната мрежа во должина од 300 метри за Манастирот Свети Илија во Песочан во соработка со Месната заедница с.Песочан
  • Прочистување на фекалната канализациона мрежа (еднокоморна септичка јама) во Оздолени

/

 

Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД,  за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.

Aкција  се одржа во Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата  на Општина Дебрца  заеднички пристапија  на  чистење на главната улица од влезот на село Мешеишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.

 

 

Извршена превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Извршена превентивна систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка  Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето  се изврши во период од 20.00 до 06.00 часот во добри временски услови, со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани- селски населби и локалитети предвидени во планот и програмата.


Воедно се изврши  и дератизација на канализационите системи во селата Белчишта,Мешеишта,Волино,Горенци, Оровник како и регионалниот колектор од село Мешеишта до село Оровник како и јавните објекти во општината.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

Со оваа активност е извршена првата фаза од систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца..

 

Општина Дебрца, ООУ ,,Дебрца” и  ЈКП ,,Дебрца”ќе бидат дел од акцијата Генералка викенд

Општина Дебрца, ООУ ,,Дебрца” и ЈКП ,,Дебрца”ќе бидат дел од акцијата Генералка викенд

Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” ќе бидат дел од  акцијата   за собирање и чистење на отпад  Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад.

Aкција  ќе започне на 17.05.2024 година  во 10:00 часот  во село Мешеишта ќе се собира отпад пред Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”и пред  Административната зграда на ЈКП Дебрца како и ќе се изврши собирање на отпад на главната улица која  води до Училишната зграда.

Групите ќе бидат составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците, техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Администрацијата  на Општина Дебрца.

 

Собраниот отпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Oбјавен огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта

Oбјавен огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта

На Електронскиот систем за јавни набавки објавен е огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта.

Со проектот се планира набавка и монтажа на нова вертикална центрифугална пумпа и поставување на целосно нова електрика во пумпната станица.

Исто така, ќе се изврши санација на стариот резервоар, кој поради застареност е во многу лоша состојба и со големи загуби на вода.

Ова е почетна фаза од инвестирањето во водоснабдителниот систем во село Мешеишта.

Се планира да се обезбедат средства за целосна реконструкција и на уличната водоводна мрежа, а за што општината има изготвено инвестиционо-техничка документација-основен проект.

Ќе се изработи и Студија за економска оправданост од поставување на фотонапонска централа кај пумпната станица.