Oct 10, 2024
Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.
Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Oct 3, 2024
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.
Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.
Sep 25, 2024
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.
Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува да бидат ставени во функција.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Sep 20, 2024
Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Sep 13, 2024
Во село Мешеишта привршува доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во оваа фаза се изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а поставени се и 16 ревизиони шахти.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.
Општината ќе издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година за доизградба на уште неколку канализациони краци.
Sep 4, 2024
Во текот на Вчерашниот ден Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески ја прифати неотповикливата оставка на директорот на ЈПКД Дебрца,Димче Андрески, на кого му изрази благодарност за досегашната соработка и успех во неговите идни професионални ангажмани.
За ВД директор на јавното претпријатие е именуван Тино Секулоски дипломиран менаџер по осигурување, од редот на вработените,на кого му посакува успешно справување со сите предизвици,со кои се соочува јавното претпријатие,а во интерес на корисниците на услугите.