Aug 2, 2024
Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.
Нека ни е честит празникот!
Jul 31, 2024
Денес во село Сливово во престерет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.

Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската православна црква.
Историските моменти се нераскинлив дел од Дебрца, борбите на комитите по падините на планините на територија на Дебрца за слободна Македонија се паметат и се чествуваат.

На коњаницата им се заблагодаривме за можноста селото Сливово да биде местото на тргнување и започнување на чествувањата на празникот св.Илија – Илинден и во име на Градоначалникот на општина Дебрца им посакавме мирен галоп по падините на територија на Дебрца како и безбедно стигнување до крајната дестинација.
Jun 27, 2024
Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца
И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.
Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.
На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.
Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.
Jun 19, 2024
Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено деделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.
Градоначалникот Зоран Ногачески На сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.
На настанот, на ученикот Мартина Цветаноска во име на општина Дебрца, и додели плакета за првенец на генерација, а на учениците Јована Тодороска, Никола Дукоски, Елисавета Крцоска и Климент Бујароски плакети за пофалени ученици на генерација.
На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.
И оваа година општината на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.
Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.
May 22, 2024
Денес, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше одбележан 22 мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.

Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.

Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.
May 17, 2024
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Мешеишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.