Oct 14, 2024
Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното.
По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато.
Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во 12 часот наспроти зградата на Општина Дебрца во село Белчишта.
Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници.
Прилог:
Покана
Oct 8, 2024
Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта .
Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија на Дебрца, како локалната заедница живееле работеле и ги користеле поволностите на самото блато.
Повеќе детали Наскоро!!!!!!
Oct 3, 2024
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта се одбележаа 81 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.
Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Sep 23, 2024
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.
Во прилог Линк од велосипедските патеки како и QR-кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).
Link – MTB Trail Slavej Planina:
Link – MTB Trail Slavej Plania Pesochani:
Link – MTB Trail Karaorman:
Link – MTB Trail Orli Vrv:
Link – MTB Trail Ilinska Planina:
Link – MTB Trail Babin Srt:
Aug 31, 2024
Градоначаникот Зоран Ногачески денес беше гостин на пензионерите, на “4 та пензионерска средба Дебрца 2024”,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца.
Општина Дебрца ја помогна организацијата на средбата,а преку своите годишни програми редовно ги помагаме тековните активности на Здружението.
Aug 30, 2024
Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”.
Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.
Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
И во оваа прилика изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца